- Услуги -


Самостојно или во соработка со нашите партнери ПРО ЦЕРТ на своите клиенти им нуди контролни и сертификациски услуги според повеќе интернационални државни и приватни стандарди.

Понудата на наши услуги се однесува на следните стандарди:

> Органско производство според Законот за органско производство на Р.Македонија

> Органско производство според ЕУ регулативите (ЕC) 834/2007 и (ЕC)889/2008, NOP, JAS, Bio Suisse, Soil Association

> GlobalG.A.P.

> ISO 22000:2005

> Холандиски HACCP - Dutch HACCP

> HACCP системи според Codex Alimentarious

> BRC

> IFS
> ISO 14000
> ISO 9001

Органско производство според Законот за органско производство на Р.Македонија
Законот за органско земјоделско производство на Р.Македонија ги уредува на национално ниво производството, подготовката, преработката, доработката, складирањето, транспортот, дистрибуцијата, рекламирањето, продажбата, означувањето и контролата на органските производи кај кои се користени методите за органско производство.

Законот за органско земјоделско производство на Р.Македонија e усогласен со легислативата на Европската Унија односно Регулатива (ЕC) 834/2007 и (ЕC)889/2008.

Сите субјекти заинтересирани за користење на средствата од програмата за поддршка на органското земјоделско производство на Р.Македонија треба да располагаат со сертификат издаден од контролно и сертификациско тело кое е одобрено од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија.

Повеќе информации за законот за органско земјоделско производство на Р.Македонија и програмата за поддршка можете да добиете на официјалнaтa интернет страницa на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Македонија - www.mzsv.gov.mk

Назад...


Органско производство според ЕУ регулативите (ЕC) 834/2007 и (ЕC)889/2008, NOP, JAS, Bio Suisse, Soil Association
Cтандардите за органско производство паралелно се разваа во различни земји од светот, и во моментот не постои единствена регулатива за органскo производство која е соодветна за целиот свет. Во принцип најголемите пазари и потрошувачи на органски производи диктираат кој од стандардите за органско производство се прифатат.

Најважни регулирани пазари се:
· Европска Унија со нејзината регулатива за органско производство Регулатива (ЕC) 834/2007 и (ЕC)889/2008, преходно позната како ЕЕC 2092/91
· Пазарот за органски производи на САД со нивната Национална Програма за Органско производство National Organic Program (NOP)
· Јапонскиот пазар за органски производи со нивниот Јапонски Земјоделски Стандард Japanese Agricultural Standard (JAS)
· Швајцарија, Израел, Аргентина, Австралија поставија сопствени регулативи за органско производство кои се сметаат за еквивалентни на Регулатувата на ЕУ (EC) N° 834/2007.

Постојат многу приватни стандарди за органско производство, кои во најголем дел се во сопственост на здруженија на производители на органски производи. Потрошувачите во некои земји имаат голема доверба во овие приватни стандарди и истите се важни за потрошувачите во тие земји. Такви приватни стандарди се:
· Bio Suisse (Швајцарија)
· Demeter (на светско ниво)
· Naturland (Германија и на светско ниво)
· Soil Association (Велика Британија)
· KRAV (Шведска).

При органското производство на контрола и сертификација подлежат: растителното производство, сточарското производство, пчеларското производство, собирањето на самоникнати видови, групи производители, преработувачки капацитети, увоз и извоз. При органското производство cекој оператор мора да биде сертифициран секоја година. Повеќе информации можете да добиете на официјалните интернет страници за односните стандарди.

Назад...


GlobalG.A.P.
Стандардот GlobalG.A.P. (предходно познат како EUREP G.A.P.) е развиен (1997 г.) од страна на “Euro-Retailer Produce Working Group” (EUREP) Групација на трговци, производители и фармери и претставници за сертификациски тела за добри земјоделски практики. GlobalG.A.P. е е стандард на приватниот сектор кој во принцип претставува збир на нормативни документи, кои опфаќаат Општи одредби, Контролни точки и критериуми за добри земјоделски практики.

Стандардот се фокусира на анализа и спречување на ризик, со цел безбедност на храната, нејзина следливост, здравје и заштита на работниците, благосостојба на на животните, управување со енергијата, минимално загадување на околината.

Го опфака примарното производството на фармата и постбербените активности, а воедно ги опфака и подоговарачите во случаи кога операторот мора да има контрола над нивните активности.

Во моментот специфични GlobalG.A.P. стандарди се воведени за производство на:
· Свежо овошје и зеленчук
· Цвекиња и украсни дрва
· Житарици
· Добиток, живина
· Пастрмка (покриено со Интегрирано аквакултурно производство
· Зелено кафе
· Чај

Повеќе информации за стандардот можете да добиете на интернет страницата: www.globalgap.org

Назад...


ISO 22000:2005
ISO 22000 e интернационален стандард кој ги дефинира барањата на системот за безбедност на храна, и ги опфаќа сите учесници во ланецот на производството, ракувањето и продажбата на храната. Системот се базира на Анализа на опасности и критични контролни точки (HACCP Hazard Analysis and Critical Control Point). Во 2001 Интернационалната Организација за стандардизација (ISO) отпочна со развивање на контролен стандард за прехрамбената индустрија, изграден врз принципите на HACCP во системот за управување со безбедностa на хранатa. Ова резултираше со создавање на ISO 22000:2005 стандард, кој ги надмина глобалните регулативи за безбедност на храна и дефинира и барања за управување со квалитетот во компаниите.

Стандардот е комбинација од општите барања за безбедност на храна и за за управување со квалитетот, вклучувајки:
· Интерактивна комуникација;
· Систем за управување;
· Контрола на ризикот на безбедноста на храна преку предусловни програми; HACCP –планови, и оперативни предусловни програми;
· Континуирано подобрување и ажурирање на системот за управување со безбедност на храна.

Сертификација со ISO 22 000 создава хармонизиран стандард за безбедност на храна , кој е прифатен ширум светот. Се повеќе добавувачи низ целиот се сертифицираат по ISO 22000, за да докажат на своите клиенти дека се во согласност со барањатa на стандардот.

Повеќе информации за стандардот можете да добиете на интернет страницата: www.iso.org

Назад...


Холандиски HACCP - Dutch HACCP
Dutch HACCP scheme или Холандиски HACCP план – е сопственост на приватна Фондација за сертификација на безбедност на храна (Foundation for Food safety Certification -SCV).

Создаден е врз основа на законска обврската во Холандија од 1996 година според која секој бизнис каде храната се произведува, чува или преработува треба да има добар функционален HACCP систем, како и на барање од водечките Холандски трговcки компании, нивните добавувачи (производители на храна) да ја имаат исполнето законската обврска за добро воспоставен HACCP – Систем и да поседуваат HACCP –сертификати.

Развиениот Холански систем за безбедност на храна познат како Dutch HACCP резултираше во приватен сертификат, и е акредитиран во 1997 година. Усогласен е од страна на Национален Одбор на HACCP-Експерти од Холандија, а од 2002 година е дозволен од страна на ГФСИ (GFSI-Global Food Safety Initiative ). Во 2006 сопственикот на Dutch HACCP scheme (SCV), заедно со владата на Холандија , започнаа проект за модифицирање на овој План за добивање официјално признавање од страна на холандската влада.

Назад...


BRC
British Retail Consortium (BRC) или Британски трговски конзорциум, е трговска организација на Обединетото Кралство која ги претставува интересите на трговците од Британија .

Во 1998 година овој конзорциум го разви и воведе BRC cтандардот, кој се користи за оценка на преработувачите кои ги снабдуваат трговците со свои прехрамбени производи. За кратко време овој cтандард стана престижен и за другите организации во секторот. BRC cтандардот ce смета како референца за најдобрите практики во прехрамбената индустрија. Заради усогласување со BRC стандардот, трговците со храна и производителите треба да адаптираат 3 критериуми во нивниот управувачки систем:
· усвојување и имплементирање на барањата на HACCP;
· документиран и ефективен систем за управување со квалитет;
· контрола на еколошки стандарди на фабриката, на производот, процесите и персоналот.

Најголем дел од трговците од Обединетото Кралство и Скандинавските земји сорабуваат само со компании (добавувачи) кои се стекнале со соодветeн BRC сертификат .

Повеќе информации за стандардот можете да добиете на интернет страницата: www.brc.org.uk

Назад...


IFS
Интернационалниот Стандард за Храна- International Food Standard (IFS), е заснован на барањата на ISO 9001, принципите за Добри хигиенски и производствени практики, HACCP-анализата на ризик, и ЕУ-легислативата која го опфаќа ракувањето со алергени и генетски модифицирани организми (GMO).

Сопственици на Стандардот се Германски и Француски трговски компании, кои во 2002 година ја воведоа првата верзија на стандардот. Стандардот бргу се прошири низ цел свет.

IFS- сертификација е релевантна за производители, преработувачи на храна, компании за транспорт и испорака на храна, Други компании во прехрамбената индустрија кои се вклучени со контролата на подоговарачот.

Назад...